Во едната рака рекет, во другата чадор, Ѓоковиќ тренира и на дожд (Видео)

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, од Мадрид, каде што прими награда за најдобар спортист во годината, се врати во Белград, а таму го дочека дожд.

Тренингот му беше отежнат од дождот, кој врнеше во главниот град на Србија, а Новак го оправда прекарот „Џокер“ со видео на социјалните мрежи.

„Се вратив од Шпанија. Време е за тренинг. На дожд. Без болка нема добивка“, напиша Ѓоковиќ во описот на видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Во заднина свири познатиот хит од 80-тите години на минатиот век, Rain Man, проследен со повик на громови во стилот на митолошките богови и хероите од стриповите.

- Оглас -

Најнови вести