Во Ереван се одигра првиот меч за Лигата на шампионите, премиерата беше досадна

Пјуник и Клуж го одиграа првиот квалификациски меч за новата сезона во Лигата на шампионите и премиерата беше прескромна и заврши без голови.

Првакот на Романија беше подобар, но не успеа да победи, па двете екипи ќе се обидат во реваншот на 13 јули да ја минат првата пречка на патот кон фазата по групи во Лигата на шампионите.

Клуж ќе биде домаќин на вториот дуел и е голем фаворит за двомеч против Дуделанж, или Тирана.

Вечерва од 20.45 часот и македонскиот првак Шкупи ќе ги почне квалификациите за Лигата на шампионите, а во Скопје гостин им е најдобриот тим од Гибралтар, Линколн Ред Импс.

Мечот се игра од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести