Во Европа има 11 екипи кои сезонава знаат само за победи

Низ Европа има 11 тима кои сезонава во домашните првенства знаат само за победи и засега имаат максимален број бодови.

Најдобар е Ред Бул Салцбург, кој во австриското првенство има максимални 30 бода, со 10 победи по првите десет кола. Потоа следува Пари Сен Жермен, кој во Франција има 9 победи на исто толку средби, а третото место го делат Јувентус и ПСВ Ајндховен со по осум триумфи.

И во послабите национални првенства има клубови кои се доминантни. Еден од нов е АЕЛ Лимасол, кој во кипарскиот шампионат има пет меча и пет победи. Дресот на АЕЛ го носат Македонците Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

И Аполон е непоразен во Кипар, но има четири одиграни мечеви. ПАОК во Грција има 6/6, Линколн во Гибралтар има 4/4. За пораз или нерешено, засега не знаат ниту три клуба од една мала земја, а кои одиграле по три меча сезонава. Станува збор за Тре Фиoри, Фолгоре и Пенароса од Сан Марино.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести