Во фан-шопот на ПСЖ веќе не се продаваат дресови со десетката на Нејмар

Дресот на Пари Сен Жермен со бројот 10 сезонава ќе го носи Пауло Дибала, Кутињо или можеби некој трет фудбалер, но тоа нема да биде Нејмар. Најновиот сигнал дека разделбата на Бразилецот со париските Светци е сигурна, доаѓа од една снимка од фан-шопот на клубот. Таму веќе не се продаваат дресови со името на Нејмар.

Сега низ фан-шопот доминираат дресови, слики и други производи со името на Килијан Мбапе, кој е прва ѕвезда.

Сепак, во еден агол од продавницата, каде што има изложено копачки, има една вертикална слика на Нејмар и тоа е единственото место кое потсетува дека фудбалерот за кој ПСЖ преклани плати 222 милиони евра, уште е нивен член. Навивачите веќе не го сакаат Нејмар, го навредуваа, па раководството на клубот нема друг избор освен да го продаде или да го позајми во Барселона или Реал Мадрид, иако од заднина шанса чека и Јувентус, кој засега е аутсајдер во трката.

- Оглас -

Најнови вести