Во фан-зоната во украинскиот Лвов за секој гол на Белгија над Русија, ќе се дели бесплатно пиво

Омразата на Украинците кон Русите и обратно е голема во последните години, а најнов доказ за тоа е информацијата дека во фан-зоната во украинскиот град Лвов за секој гол на Белгија во мрежата на Русите, ќе се поделат 100 бесплатни чаши со пиво.

Ова е своевиден „реванш“ на Украинците кон Русите, откако Русите делумно ја добија битката околу дресовите на Украина. На Русите не им се допаѓаше тоа што на дресовите на Украинците има мапа на Украина и пароли кои се сметаат за националистички и милитаристички. УЕФА забрани на дресовите да пишува „Слава за Украина“ и „Слава на хероите“, но дозволи на предната страна да ја има мапата на цела Украина. Во моментов, дел од територијата на Украина е под контрола на Русија и Русите тие делови во источниот дел на Украина и полуостровот Крим ги сметаат за свои.

Мечот Белгија – Русија се игра утревечер, од 21 часот, и јасно е дека навивачите во Лвов ќе бидат на страната на Црвените ѓаволи, или поточно кажано, ќе навиваат Русите да примат што повеќе голови, што би значело гратис пива.

- Оглас -

Најнови вести