Во фан-зоните во Берлин, за време на ЕП забранети ќе бидат две знамиња

Во фан-зоните во Берлин за време на големиот фудбалски настан, Европското првенство, организаторите најавија дека ќе биде забрането внесување и користење на палестинските и израелските знамиња.

На љубителите на фудбалот ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на 24-те земји учеснички на турнирот, изјави портпаролката на културните настани на турнирот. Првенството не е место за никакви демонстрации и политика, велат од организацискиот комитет.

Не е јасно дали палестинските и израелските знамиња ќе бидат дозволени во фан зоните во другите градови или забраната ќе важи само за главниот град Берлин, каде што се очекуваат и најмногу странски фанови.

- Оглас -

Најнови вести