Во финалето ќе има аргентинска инвазија која не се памти во историјата на Мундијалите

Аргентина и Лионел Меси се само на еден чекор од остварување на сонот, а тоа е освојување на Светската титула во фудбал. Гаучосите имаат две титули од 1978 и 1986 година, но сега сите веруваат дека е дојдено време Меси да биде предводник на селекцијата до светскиот трон.

Франција е ривалот на Аргентина во финалето кое в недела ќе се игра во Катар. Тоа ќе биде и последен меч за Меси на Светските првенства, што е само уште еден мотив повеќе за аргентинските навивачи да се најдат на стадионот и во живо да го гледаат овој меч.

Најавите се дека на трибините за финалето ќе има неверојатни 50.000 аргентински навивачи, дури 4.000 балони, 6.000 знамиња, 2.000 шалови, како и четири „трегери“ од по 10 метри за атмосферата да биде оригинал јужноамериканска.

- Оглас -

Најнови вести