Денешните квоти на денот на обложувалниците Sport Life, ви предлагаат да играте дека во финалето на Лигата на нации ќе паднат барем три гола, а и во дуелот за трето место, би требало да се случи истото, со тоа што двата тима би придонеле за тоа. Во баражот за влез во Серија А, Венеција е фаворит против Салернитана.
Португалија – Холандија (20.45 часот)
Со Кристијано Роналдо во составот и со поддршка од трибините во Порто, Португалците се фаворити за титулата во премиерното издание на Лигата на нации. И „лалињата“ се опасен тим што го докажаа во полуфиналето со Англија, па нема сомневање дека ќе биде интересен меч со голови во двете полувремиња, а нијанси ќе одлучуваат кој ќе го крене трофејот.
Последна европска репрезентација која ја победила Португалија беше токму Холандија и тоа со убедливи 3-0, на пријателски меч во Женева во март 2018 година. Португалија дома не знае за пораз од 2014 година.
Предлог тип: 1+I & 3+ (2.40)
Швајцарија – Англија (15.00 часот)
Тимот што ќе биде помалку разочаран, ќе биде трети во Лигата на нации. После поразите во полуфиналето, не е лесно да се игра за трето место, но мотивацијата се медалите и вадењето пред публиката, особено за Англичаните кои имаат голема поддршка од трибините во Гимараеш.
И традицијата го фаворизира „Гордиот Албион“. Швајцарија нема дадено гол во претходните три соочувања со Англичаните, а последната победа на Швајцарија над Англија беше во далечната 1981 година, во квалификациите за СП.
Предлог тип: Т2 2+ & ГГ (2.75)
Венеција – Салернитана (18.00 часот)
Првиот меч од битката за влез во Серија А, заврши 2-1 за тимот од Салерно, па сега на Венеција ќе и заврши работа и минимален триумф од 1-0. Единствениот меѓусебен дуел сезонава на овие два тима во Венеција, заврши токму со победа на домашните од 1-0, па тие не би имале ништо против да се повтори резултатот. Салернитана на гости има седум порази по ред, но и Венеција не е многу опасен домаќин, доби само еден од последните осум меча пред своја публика.
Предлог тип: 1Х & Т1 2+ (2.45)
Бразил – Хондурас (21.00 часот)
Бразил е голем фаворит на оваа пријателска средба во Порто Алегре, иако Хондурас знае да биде тврд орев за фаворитите, и погрешно е да се потцени. Во последните години, само Чиле успеа убедливо да го победи Хондурас, сите други мечеви беа тесни. „Кариоките“ ќе мора да се снаоѓаат без Нејмар и ова ќе им биде прв тест без главната ѕвезда.
Предлог тип: 1 & 2-3 (2.60)
Тим – Надал (15.05 часот)
Надал беше немилосрден кон Федерер во полуфиналето, а Тим приреди изненадување против Ѓоковиќ и доби шанса да му се реваншира на Шпанецот за ланскиот пораз во финалето. Надал е поодморен. Тим има четири победи над Надал во кариерата, а го совлада и во Барселона кон крајот на април. Но, Надал на „Ролан Гарос“ има 11 титули, загубил само двапати, годинава загуби само еден сет, и се чини дека од неговата форма зависи каков ќе биде исходот.
Прогнозираме дека двајцата ќе освојат барем по еден сет.
Предлог тип: СС (1.75)