Во финалето на „мартовското лудило“ имаше неверојатен последен напад кој го одлучи шампионот (Видео)

Екипата на Флорита гаторси е нов шампион во НЦАА кошаркарската лига во САД. Во драматично финале во 86-тото издание на ова престижно натпреварување, Гаторси со 65:63 го победија тимот на Хјустон и така стигнаа до својата трета титула во историјата.

Финалето имаше неверојатна завршница, а интересно е дека Хјустон водеше во поголем дел од мечот. На полувреме Хјустон имаше три поени предност (31:28), а на 15 минути до крајот стигнаа и до највисокото водство од 12 разлика (42:30).

Сепак, Флорида не се предаде. Со серија од 12:3, Гаторси се вратија резултатски, а на осум минути до крајот, резултатот беше нерешен 48:48. Хјустон повторно поведе и речиси постојано имаше минимално водство, но Флорида притискаше.

На 46 секунди до крајот, Алија Мартин ги погоди двете слободни фрлања и Флорида за првпат поведе од резултатот кога беше 8:6 во нивна корист. Потоа Хјустон израмни, а на 19 секудни до крајот Дензел Абердин постигна кош за 65:63.

Хјустон го имаше последниот напад, но очајно го изведоа, дури не успеаја ниту да упатат шут, па Флорида по пауза од 18 години се радуваше на трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести