6789 Каират Алмати – Селтик (18:45 ч.)
Реванш-меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лига на шампиони. Селтик беше огромен фаворит на првиот меч дома, но не успеа да го скрши отпорот на гостите од Казахстан.
Вечерва реваншот се игра во Казахстан и домаќините се надеваат на чудо, иако повторно фаворит е многу пославниот гостински тим.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.91)
6044 Пафос – Црвена ѕвезда (21 ч.)
Најголемото изненадување во квалификациите од ЛШ е кипарскиот првак. Четири победи и едно реми има во досегашните пет меча, па затоа и не беше толку големо чудо победата во Белград со 2:1 над Црвена ѕвезда.
Српскиот првак нема веќе што да калкулира и мора да оди на победа, што значи дека може да се очекува офанзивна игра без многу калкулации, па повторно може да има погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.93)
6788 Штурм – Бодо/Глимт (21 ч.)
Бодо/Глимт направи историски резултат и победи со 5:0 на првиот меч, што значи дека сега следува само потврда дека норвешкиот тим ќе се избори за историски пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.
Штурм нема што да брани и да калкулира, па останува само на свој терен достојно да се прости од ЛШ, што значи дека може да се очекуваат погодоци.
Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.23)
5615 Замалек – Фарко (20 ч.)
Замалек секогаш е еден од фаворитите за висок пласман во првенството на Египет. Фарко е тимот кој е последен на табелата по три меча само со еден бод, па јасно е дека гостите нема што да бараат на ова гостување.
На последните шест меча на овие два тима, Замалек има четири победи, а двапати било нерешено, па очекуваме традицијата да продолжи.
Предлог тип: 1-1&2+ (1.98)
1154 Норвич – Саутхемптон (20:45 ч.)
Меч од 32-финалето во Лига купот на Англија меѓу два тима кои се дел од Чемпионшип. Саутхемптон летово испадна од Премиер лига, а по првите три кола во втората лига има по една победа, пораз и реми.
Последните шест меча меѓу Норвич и Саутхемптон завршуваат најмалку со два гола, а овојпат гостите треба да се поблиску до пласман во следната фаза од ова натпреварување.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.09)