Во Формула 1 се подготвува „трансферот на векот“: Макс Ферстапен си заминува од Ред Бул?!

Светските медиуми кои се занимаваат со мотоспортовите пренесуваат информација дека во Формула 1 се подготвува „трансферот на векот“. Актуелниот шампион, Макс Ферстапен, можно е на крајот од оваа сезона да си замине од Ред Бул и да премине во Астон Мартин, а главната причини се речиси двојно повисоката плата која му ја нудат.

Холандскиот возач во моментов заработува 50 милиони евра годишно, а од Астон Мартин му нудат 88 милиони евра или вкупно 264 милиони евра за тригодишен договор. Секако, арапските милиони и тука имаат вмешано прсти, бидејќи Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија поседува 20% од екипата на Астон Мартин и платата на Ферстапен би ја плаќале токму тие.

Ферстапен има договор со Ред Бул во 2028 година, но италијанските медиуми пренесуваат дека има клаузули според кои тој може да си замине порано, а Астон Мартин сака да ја искористи моменталната лоша форма на Ред Бул и да го привлече холандскиот возач со богата понуда.

- Оглас -

Најнови вести