Во Формула 1 трката во градот на два континенти, на Хамилтон ќе му треба чудо за победа

Денешната Формула 1 трка за Големата награда на Турција, може да биде една од поинтересните годинава, затоа што актуелниот првак Луис Хамилтон кој беше најбрз во квалификациите, поради менувањето на моторот ќе стартува од 11-та позиција, и ќе има многу работа за да дојде до подиумот.

Мерцедесите доминираа во Истанбул на тренинг сесиите и на официјалните квалификации, па Хамилтон со право се надева на добар пласман. Во прилог му оди и фактот што на пол-позиција е неговиот тимски колега Валтери Ботас, кој ако го има водството, ќе се обиде што подолго да го задржи зад себе Макс Ферстапен, и со тоа да му помогне на Хамилтон.

Хамилтон ветува шоу за навивачите и агресивно возење, но за да победи, освен брзината која ја има, ќе му треба и многу среќа и добра тактика. Британецот има само два поени предност прд Ферстапен, па ако пилотот на Ред Бул победи на трката, тој ќе избие на чело во генералниот пласман.

И според квотите во обложувалниците Sport Life, Ферстапен е прв фаворит за победа на трката, а може да се типува и на дуел, дека Холанѓанецот на крај ќе биде подобро пласиран од Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести