20.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Во Франција и Холандија играат големите фаворити, многу понеизвесно ќе биде во Англија и Србија

1005 Вест хем – Тотенхем (21:15 ч.)

Вест хем е тим кој ретко губи дома (три порази во 15 меча сезонава) и сигурно ќе атакува на бодовите против градскиот ривал. Тотенхем е тим кој има одличен напад (повеќе од два гола на меч во просек), па сигурно нема да бидат дефанзивно ориентирани.

На 10 од последните 11 меѓусебни средби имало барем два гола на меч, а често голеадата е поголема.

Предлог тип: ГГ4+ (2.09)

 

3132 Војводина – Чукарички (18:30 ч.)

Дуел на две екипи коишто имаат освоено по 43 бода во 27 меча. Војводина на свој терен игра силно и има осум победи, три ремија и само два пораза.

Сепак, кога се работи за меѓусебните дуели, од последните 10 средби, Војводина има само една победа, додека Чукарички се радувал петпати, а четири средби завршиле без победник.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.63)

 

1137 Портсмут – Дерби каунти (21 ч.)

Некогаш играа во Премиер лигата, а сега ова е дуел на двете екипи кои се на првите две места во Лига Еден (трета лига во Англија). Портсмут е прв со 86 бода и има комотни пет бода повеќе од Дерби.

Портсмут има 10 победи и три ремија во последните 13 кола од шампионатот. Во последните година и пол овие екипи играле трипати и трипати било нерешено со не повеќе од два гола.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.23)

 

1731 Лион – Валенсиен (20:45 ч.)

Меч од полуфиналето на Купот на Франција. Лион игра на домашен терен и секако е фаворит против ривалот, кој е последен во втората лига. Валенсиен има само 17 бода во 30 средби и сигурно ќе испадне во трета лига, па би било чудо да направи изненадување и во оваа фаза од Купот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.00)

 

1631 Ексцелсиор – ПСВ (20 ч.)

ПСВ Ајндховен граби кон титулата во холандското пренство, а домаќините се во зоната за испаѓање. ПСВ го има најдобриот напад, но и најдобрата одбрана, а Ексцелсиор е екипата со најлоша одбрана.

Во последните девет кола Ексцелсиор освои само два бода, па сега иако игра на свој терен, нема шанси против тимот кој е прв фаворит за титулата.

Предлог тип: 2-2&4+ (2.11)

 

- Оглас -

Најнови вести