ПСЖ е најтрофејната екипа во францускиот фудбал со 13 титули шампион на земјата, но дури 11 од нив ги освои во последните 13 сезони. Се чини дека на Французите им пречи доминацијата на Светците, кои на убедлив начин стигнаа до трофејот и оваа сезона, па се разгледува промена на форматот на првенството.
Веќе е формирана работна група која треба да изготви официјален предлог за промена на форматот на Лига 1, а тоа се чини дека ќе биде со завршен турнир на најдобрите четири екипи. Првиот од регуларниот дел би играл со четвртиот, а вториот против третиот, па победниците во финалето за титулата.
Јавноста во Франција позитивно гледа на ваквите промени и се очекува наскоро да биде усвоен новиот формат, а се чини дека ниту во ПСЖ немаат ништо против и се убедени дека се најквалитетната француска екипа. Секако, тоа го покажуваат и на теренот со трофеите кои ги освојуваат на домашна сцена, но и со пласманот во финалето на Лигата на шампионите.