Во Франција никогаш веќе нема да се игра фудбал на 5 мај!

Францускиот парламент донесе закон со кој се забранува одржување на професионални мечеви на територијата на целата земја на 5 мај. Оваа одлука е донесена за да се даде еден вид почит на жртвите кои настрадаа во катастрофата што се случи на стадионот „Фуријани“ на Корзика на 5 мај 1992 година.

На тој ден пред 29 години, една од трибините на стадионот на Бастија се сруши, и тоа пред да започне полуфиналето од Купот на Франција против Олимпик Марсеј. Вкупно загинаа 18 луѓе, а беа повредени над 2.300 навивачи.

- Оглас -

Најнови вести