-6.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Во Франција се игра шестпати погруб фудбал отколку во Премиер лигата!?

Возбудувањата во Топ 5 лигите се во полн ек, а неверојатна е статистиката дека француското првенство е најнедисциплинирано, односно најгрубо, барем кога се гледа бројот на дадени црвени картони.

Во досегашниот дел од сезоната, во Лига 1 во Франција биле доделени дури 43 црвени картони во 110 меча и е убедливо на првото место во оваа категорија кога се гледа дисциплината во Топ 5 лигите.

На второто место е шпанската Примера дивисион со 35 црвени картони во 89 одиграни меча, а далеку потоа се италијанската Серија А со 19 црвени картони во 98 натпревари и германската Бундеслига со 18 исклучувања во 90 дуели.

На оваа листа, убедливо најдисциплинирано првенство е англиската Премиер лига во која досега биле покажани само седум црвени картони во 97 одиграни дуели.

- Оглас -

Најнови вести