Во Франција се игра најчудниот меч во Европа – Гостинските навивачи патуваат низ две странски држави

Мец има поддршка од стотина навивачи на мечот со Лил на „Пјер Моруа“, а нивното патешествие е уникатно и минува низ две странски држави, за да стасаат и да бидат присутни на дуелот што се игра од 13 часот.

За да пристигнат во Лил гостинските симпатизери имаат неколку опции, а најдобрата и најбрзата за да стасаат дотаму им е преку Луксембург и Белгија.

Таа опција и најчесто ја користат за да бидат присутни во Лил и да ги бодрат своите миленици на дуелите со прволигашот од овој град.

Втората опција што најчесто се користи е да патуваат до главниот град Париз, а потоа да се упатат кон Лил, но таа варијанта им е многу подолга, па затоа полесно за нив е да минат низ Луксембург и потоа од Лиеж, или Шарлроа во Белгија да стасаат до стадионот „Пјер Моруа“ во Лил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести