17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Во Франција се игра сè додека ПСЖ не даде гол за победа (ВИДЕО)

Со гол во 95-тата минута, екипата на ПСЖ дојде до победа од 2:1 на гостувањето кај Мец. Ашраф Хакими беше двоен стрелец длабоко во продолжението, иако главниот судија најпрвин покажа дека ќе има само три минути надополнување, тоа беше многу подолго.

Мец играше храбро, но во последните мигови Дејвид Брон, дефанзивецот на оваа екипа, доби исклучување, а со такво нешто се соочи и тренерот Фредерик Антоанети.

Ситуацијата тотално ескалираше кога Хакими го даде вториот гол, по кој судијата веднаш отсвири крај. Но, тоа не ги спречи актерите на теренот да поделат уште некој сочен збор, па за очекување е и дека ќе има реакции од Француската фудбалска федерација.

https://twitter.com/Paris_Arabic1/status/1440781757234565123

- Оглас -

Најнови вести