Кошаркарите на Баерн ја продолжија неверојатната серија успеси во Бундеслигата и ја забележаа и 18. победа на исто толку мечеви, што е апсолутна доминација.
Ако на фудбалерите не им оди најдобро во домашното првенство и претрпеа нов пораз викендов од Баер Леверкузен, кошаркарите газат безмилосно.
Ја декласираа и Јена со 103:71 и се единствената екипа од топ шампионатите во Европа без пораз и со сите победи во досегашниот тек.
Најблиску досега да им ја прекине импресивната серија на Баварците беше екипата на Бајрот во 14. коло, но Баерн се извлече во регуларниот дел од пораз, а потоа победи во продолжение од пет минути.
На Баерн добро му оди и во Евролигата, каде има 11 победи и 10 порази на седмата позиција, која гарантира пробив во топ-8 и во завршницата во битка за титулата.