1801 Лајпциг – Баерн Минхен (20:30 ч.)
Нема подобар начин да се најави продолжувањето на Бундеслигата од дуелот на актуелниот првак против тим кој се надева на титулата. Лајпциг има најдобар биланс на домашен терен со шест победи и едно реми, а Баерн е најдобар на гости, со пет победи од осум средби.
На четири од последните пет меѓусебни дуели имало голеади барем со пет гола, па не случајни се резултатите: 3:5, 3:2, 1:4, 3:3. И сега треба да се очекува отворена игра со голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ4+ (2.30)
1301 Мајорка – Селта Виго (21 ч.)
Речиси и да нема меч на кој кога игра Мајорка, има повеќе од два гола. Тоа е тим кој игра многу дефанзивно и најважно му е да не прими гол, а ако може, ќе постигне еден. Во 17 кола, Мајорка има дадено само 14, а примено едвај 16 гола.
Селта Виго има победа и две ремија покажувајќи дека тимот е во добра форма и ќе биде успех ако остане непоразен на ова гостување.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.93)
1012 Барнли – ВБА (21 ч.)
Во последните 28 меча во сите натпреварувања Барнли има само два порази, што е доказ дека овој тим е подготвен за враќање во Премиер лигата. И ВБА е во одлична форма и 10 победи, едно реми и само еден пораз во последните 12 дуели.
Барнли дома има 10 победи и четири ремија без ниту еден пораз во Чемпионшип, а фактот дека тие го имаат и најдобриот напад е само најава за погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.11)
1731 Олимпик Марсеј – Рен (21:10 ч.)
Одлична форма има Олимпик Марсеј, кој победи на последните седум натпревари, но Рен е екипа за респект. Ова е меч од Купот на Франција, што значи дека нема право на кикс.
На седум од последните осум дуели на овие две екипи немало повеќе од два гола, што е најава дека и сега една ситуација може да биде клучна.
Предлог тип: 0-2 (1.87)
1655 Ојпен – Генк (20:45 ч.)
Екипа која се бори за не испадне од елитната лига во Белгија е домаќин на лидерот. Генк го има најдобриот напад и најсилната одбрана, а Ојпен е со трета најслаба дефанзивна линија во првенството (43 примени гола во 21 меч).
Гостите се апсолутни фаворити, а на последните пет дуели на овие вкупно имало 25 гола, односно пет погодоци во просек.
Предлог тип: 4+ (2.35)