3002 Торино – Милан (20:45 ч.)
Милан сигурно ќе заврши втор на табелата, а Торино уште има надеж дека може да се избори за излез во Европа. Токму затоа овој меч е многу позначаен за домаќините. Торино на свој терен сезонава игра одлично и има седум победи, девет реми и само два порази, што е само уште еден доказ дека фановите секогаш очекуваат освојувања бодови.
Торино е екипата со најслабата гол разлика и во просек дава и прима помалку од еден гол по меч, што значи тешко е да се очекува дуел со многу голови.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.35)
1801 Баер Леверкузен – Аугсбург (15:30 ч.)
Ова е историски ден бидејќи прв пат на „Бај Арената“ ќе се слави титулата во германското првенство. Баер одигра сезона за памтење и веќе 50 средби во сите натпреварувања е без пораз.
Аугсбург обезбеди опстанок и тимот потоа нареди четири порази по ред што само покажува колку е неамбициозен и едноставно нема шанси да ја расипе прославата на Фармацевтите.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.55)
1807 Штутгарт – Борусија М. (15:30 ч.)
Штутгарт имаше одлична сезона на домашен терен и во 16 меча нареди 12 победи, три реми и само еден пораз и во просек на тие мечеви се постигнуваат речиси четири погодоци. Овој меч нема поголемо значење што значи дека повторно може да се очекуваат многу голови.
И традицијата покажува дека треба да има погодоци. На последните девет меча секогаш било гол-гол, дури осум пати завршувало ГГ3+, а пет пати било дури и ГГ4+.
Предлог тип: ГГ4+ (1.90)
1024 Болтон – Оксфорд (17:15 ч.)
Меч кој се игра на „Вембли“ а е финалето од Лига 1. Победникот ќе обезбеди место во Чемпионшип. Болтон ја има улогата на фаворит затоа што во првенството заврши со 10 бода повеќе од Оксфорд, а во меѓусебните дуели одиграни во последните шест месеци има победа од 5:0 и реми без голови.
Предлог тип: 1 (1.90)
1544 Брага – Порто (21:30 ч.)
Директен дуел на екипи кои се борат за тоа кој ќе заврши на третото место на табелата. Брага има еден бод помалку од Порто што значи дека домаќините ќе бркаат победа. Третото место носи директен пласман во Лигата на Европа, а за четвртиот сезоната ќе почне многу порано и ќе игра во квалификациите за ЛЕ.
Порто има четири победи, едно реми и само еден порз од Брага во последните шест средби. Во тие шест пресметки, дури пет пати немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 0-2 (2.25)