На задутрешниот меч помеѓу Германија и Србија во Волфсбург на стадионот освен стандардните за мажи и жени, ќе има тоалети и за лица од „неутрален пол“.
Германската фудбалска федерација е позната како конзервативна, но токму таа реши првпат на меч на националниот тим да постави поволност за половонеутралните лица. Така, на стадионот ќе има тоалети за мажи, за жени и за унисекс. Посетителите ќе можат сами да одредат какви стјуарди ќе им ја извршат проверката.
Клубот Волфсбург е лидер во Германија во овој дел. Таму се одржуваат и таканаречени недели на разновидноста, тимот од овој град некогаш игра со дресови на кои ги има боите на виножитото, а и капитенската лента на бундеслигашот е во боите кои се симбол на ЛГБТ заедницата.