Викендов беа погодени неколку неверојатни тикети, а еден таков е уплатен во Гевгелија. Само со три одиграни меча, вчера бил уплатен тикет на којшто се погодени комбинации „полувреме-крај“.
Најголемата погодена квота е на дуелот од Бундеслигата меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Унион Берлин. Домаќините водеа на полувреме со 1:0, а на крајот гостите се радуваа на триумф со 2:1. Интересно е дека домаќините не погодија пенал во 90+5 минута, па така е погодена квотата од 36.
Вториот меч од Бундеслигата меѓу Хофенхајм и Хајденхајм заврши 1:1, а домаќините водеа на полувреме. Прогнозата за овој тим е дека Хофенхајм ќе има предност на полувреме, а дека на крајот гостите нема да загубат, баш како и што се случи.
Англиското дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал заврши 1:1, а Црвените ѓаволи водеа на полувреме, и тоа благодарение на евроголот на Фернандеш во финишот од првиот дел. Арсенал израмни во второто полувреме, па и тука е погодена комбинацијата за полувреме-крај.
Овој неверојатен тикет е упатен само со 30 денари, а вкупната погодена квота е неверојатна и изнесува 5.512. Вкупната добивка е над 140.000 денари.