Во Гостивар на три меча за едно полувреме ќари 6.000 евра, во Ресен има експерт за Лигата на Европа и Конференциската лига

Дури и кога мислите дека некоја комбинација е неверојатна, некогаш вреди да се уплати. Така направил обложувач во Sport Life од Гостивар, кој само со 50 вложени денари си заработи 388.125 денари, и тоа само на три одиграни натпревари.

Се работи за мечеви во Јужна Америка, а одиграно е на голови, и тоа само во првото полувреме. На дуелот меѓу Ајакучо од Перу и Сао Пауло од Бразил во Судамерикана купот само по 23 минути игра, резултатот беше 2:2 за погоден тип дека ќе има четири погодоци во првото полувреме, што вредеше коефициент 23.

Во Копа Либертадорес, Естудијантес со 4:1 славеше над Велез Сарсфилд, а во првото полувреме домаќините водеа со 2:1. За 3+ голови во прво полувреме коефициентот беше 12.5.

Третиот погоден пар е Барселона СЦ – Вандерерс. Екипата од Еквадор на свој терен со 4:2 го победи противникот од Уругвај, а на полувреме резултатот беше 3:1, и тоа со голови дадени само по 35 минути игра. Коефициентот да има 4 гола во првиот дел беше дури 27. Вкупниот погоден коефициент на овие три меча е неверојатен и изнесува 7.762,5, па само со 50 вложени денари, добивката е 388.125 денари.

МАЈСТОРСКИ ПОГОДЕНИ СИТЕ ОСУМ ДУЕЛИ ОД ВТОРОТО И ТРЕТО ПО РАНГ НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА УЕФА

Осумте меча кои се играа во четвртокот во Лигата на Европа и Конференциската лига биле голем предизвик за еден обложувач од Ресен, кој успеа со уплата од 30 денари да добие 37.514 денари. Одиграно е на фиксови и на број на голови на мечот и сите осум меча се погодени.

Во Лигата на Европа резултатите беа: Лајпциг – Аталанта 1:1, Брага – Ренџерс 1:0, Ајнтрахт – Барселона 1:1 и Вест хем – Лион 1:1.

Во Конференциската лига резултатите беа: Феенорд – Славија Прага 3:3, Бодо/Глимт – Рома 2:1, Лестер – ПСВ 0:0, Марсеј – ПАОК 2:1.

- Оглас -

Најнови вести