Во Гостивар се игра на јаки коефициенти и малку натпревари – Со стотче си ќари 10.000 евра

Во Гостивар се игра на јаки коефициенти и малку натпревари, а обложувачите од овој град уште еднаш покажаа дека се мајстори за добитни тикети со огромни добивки.

На тикет само со четири пара, одигран за 100 денари и со одлична стратегија, Гостиварец си ќари 722.230 денари бруто, или со одбиен данок околу 10.000 евра. Вкупниот коефициент е извонреден и е точно 7.222,30.

И УТНАТ ПЕНАЛ КОНЕЧНО ДА ДОНЕСЕ РАДОСТ ЗА ОБЛОЖУВАЧИТЕ

Три меча се одиграни со тип полувреме-крај, два од нив комбинирани со голови, а последниот меч се чекаше Гол-Гол во прво полувреме, што на крајот испадна и добитна комбинација.

Тикетот стартуваше одлично, со победа од 3:1 на романскиот шампион Клуж на гостувањето кај Херманштат. Типувано е дека на полувреме ќе биде нерешено, на крајот ќе победи Клуж и притоа и двете екипи да дадат барем по еден гол, или Х-2&ГГ.

По првите 45 минути беше 1:1 и два исполнети услови во комбинираниот тип, а Клуж додаде гас во второто полувреме и победи со 3:1 за фатен коефициент од 13.25 во Sport Life.

Уште појака е квотата од 20.25 на мечот меѓу Атлетик Билбао и Хетафе со идентичен тип на тикетот, но овојпат со победа за домаќините.

Тука требаше и малку среќа, полувремето заврши 1:1, но гостите од Мадрид не погодија пенал во 29-тата минута, што веројатно ќе го урнеше тикетот. За среќа на обложувачот од Гостивар, Хуан Мата го утна ударот од белата точка, а Атлетик потоа се разигра во второто полувреме и победи со 5:1.

ТУЛУЗ ПОСТИГНА ГОЛ ТОЧНО НАВРЕМЕ, КОМО И РЕНАТЕ ОДИГРАА ФАЈТЕРСКО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Во единствениот натпревар што се играше во понеделникот во втората француска лига, Тулуз со голот на Дијаките во 54-тата минута го победи Сошо со 1:0 на гостински терен, таман за фатен тип Х-2 со квота 5.55.

Истовремено со шпанскиот дуел меѓу Атлетик и Хетафе во 21 часот почна и мечот меѓу Комо и Ренате во Серија Ц во Италија, а тука се чекаа голови во првото полувреме со тип Гол-Гол, или ГГ1 со квота 4.85.

До 35-тата минута веќе беше 1:1, па тикетот што е одигран одлично е добитен со исплатени 10.000 евра на мајсторот за обложување од Гостивар.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести