Во градот каде што претрпе голем срам, Леброн со Лејкерс ќе ја брка 15-тата гостинска победа

Индијана пејсерс – ЛА лејкерс (01ч, НБА-лига)

Најтешкиот пораз во 17-годишната кариера Леброн Џејмс го претрпе токму од Индијана во ланската сезона. Младиот тим на Лејкерс на чело со Кралот гостуваше во Индијанаполис, каде што загуби со убедливи 136:94, но сега е сосема различна ситуацијата, така што на Пејсерс воопшто нема да им биде лесно.

Езерџиите направија големи промени во ростерот во текот на летото, а со Ентони Дејвис екипата од Лос Анџелес повторно е конкурент за титулата. Колку всушност Лејкерс се сериозни оваа сезона, говори статистиката надвор од „Стејплс центарот“. Остварија 14 последователни победи, а ако составот на Френк Фогел одигра на потребното ниво, таа серија може да продолжи.

Предлог тип: 2 хен. 2,5 поени (1.90)

 

Треј Јанг (Њујорк никс – Атланта хокс – 01:30ч, НБА-лига)

Најдобриот играч на Атланта во наредените четири порази реализира речиси по 23 поени во просек, што е под неговото ниво. Затоа и Јастребите се во кризен период, а од нив не се очекува добра партија ниту против претпоследниот тим од Истокот. Њујорк и Атланта имаат идентичен скор 6-21, а вечерва еден тим ќе се одвои од дното на табелата.

Јанг не може да се сети дека имал добра партија против Никс, па затоа и ноќеска неговиот учинок може да биде во минус.

Предлог тип: Т. Јанг <27,5 поени (1.90)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Бруклин нетс (02ч, НБА-лига)

Младата крв на Пеликаните никако да се разбуди од кошмарот, а поразите веќе стигнаа до бројката 12 во низа. Добра вест за нив е што ниту Бруклин не е сјаен, иако е во битка за пласман во разигрувањата. На Нетс им недостастува главната ѕвезда Кајри Ирвинг, играчот кој често знае да реши натпревари со луд шут.

Можеби ова е вистинска шанса за Њу Орлеанс да стави крај на црната серија и воедно да го подобри учинок на домашен терен на пет победи. Бруклин речиси три години е без триумф во „Смути Кинг центарот“, а тоа може да им биде комплекс повторно да заминат разочарани.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Донован Мичел (Јута џез – Орландо меџик – 03ч, НБА-лига)

Мичел игра одлично пред домашната публика во дуелите против Меџик. Во последната средба на Јута и Орландо, ѕвездата на Џезерите постигна 33 поени и го одведе тимот до убедлива победа. Во таборот на Јута ќе недостасува искусниот Конли, така што товарот ќе падне на Мичел, кој треба да блесне и да го одржи победничкиот ритам на екипата.

Предлог тип: Д. Мичел >23,5 поени (1.87)

 

ЛА клиперс – Феникс санс (04:30ч, НБА-лига)

Клиперс и Санс редовно приредувале суперефикасни пресметки, без разлика во која сала се играле. Границата на вкупни поени, без сомнение, се надминувала, но вечерва главните играчи и на двете екипи ќе отсуствуваат, па може да се смени текот на настаните кога станува збор за средбите меѓу овие две екипи.

Док Риверс нема да смета на Ленард, Беверли и Вилијамс, во редовите на Сонцињата ќе недостасува Девон Букер. Иако тоа значи шанса за останатите играчи да се покажат во добро светло, квалитетот на клупата на двете екипи може да биде клучен аспект за ноќеска.

Предлог тип: <224,5 поени (1.93)

- Оглас -

Најнови вести