Во Грција ќе има пеколно дерби, Реал, Андерлехт и Ренџерс со фаворитска улога

1360 Реал Мадрид – Мајорка (20 ч.)

Нема дилеми дека Реал Мадрид е голем фаворит за победа, посебно ако се знае дека ова е полуфинале од Суперкупот и победникот ќе игра во финалето против Барселона.

Мајорка е тим кој сезонава игра добро и е во Топ 6 на табелата во првенството, а веќе еднаш одолеа на кралскиот клуб откако одигра 1:1 на свој терен. Во последните четири меча Реал има две победи и тоа минимални со 1:0, еднаш Мајорка победи со 1:0 и ремито 1:1, што значи дека нема многу голови. Сепак, ова е дуел на кој ако падне еден гол во раната фаза, може да има многу погодоци.

Предлог тип: 1-1&3-5 (3.10)

 

2864 Бершот – Андерлехт (20:30 ч.)

Пресметка од четвртфиналето на Купот во Белгија. Во последните пет години овие два тима играле седум пати и секогаш имало многу погодоци. Пет пати било ГГ3+, а еднаш дури имало и седум голови.

Андерлехт влезе во мини-криза со два порази по ред, но сепак останува голем фаворит затоа што Бершот е убедливо најслабата екипа во елитното белгиско друштво со само 12 освоени бодови од 20 средби.

Предлог тип: 2&3+ (2.55)

 

1101 Фулам – Ватфорд (20:30 ч.)

Фулам е во добра форма, а то аго потврдува и фактот дека нема пораз на последните осум средби. Ватфорд загуби на четири од последните пет дуели во Чемпионшип, а тоа е и тим кој има нестабилна одбрана.

Фулам на осум од последните девет дуели одигра со комбинација гол-гол што значи дека и дава и прима гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

2863 ПАОК – АЕК (18:30 ч.)

Пеколни се дуелите на овие ривали од Солун и Атина, посебно кога се работи за Куп пресметка како сега. Во првенството овие два тима ги дели само еден бод, а и двете екипи ги краси цврста одбрана.

Сигурно ќе има „војна“ на теренот, играчите ќе се обидат да бидат безгрешни во одбраната, а доколку им се укаже шансата, да го загрозат голот на ривалот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.19)

 

1243 Данди – Ренџерс (21 ч.)

Ренџерс со 3:0 го победи најголемиот ривал Селтик, но потоа киксна и одигра само 3:3 против Хибернијан. Данди е една од екипите со најслаба одбрана и гостите сигурно ќе атакуваат од првата минута.

Традицијата вели дека Ренџерс има апсолутна доминација, па има 13 победи и само две реми во последните 15 меѓусебни пресметки.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести