Во Грција на стадион ќе се оди само преку апликација

Навивачите во Грција кое ќе сакаат да купат влезници за фудбалските натпревари ќе мора да користат државна апликација за дигитална идентификација на нивните мобилни телефони.

Грчката влада донесе ваква одлука со цел да стави крај на насилството на и надвор од трибините поради кое до 12 февруари сите натпревари се играат пред празни трибини.

Другите мерки кои грчката влада планира да ги воведе се забрана за одредени навивачи да присуствуваат на натпревари, како и задолжително поставување видеонадзор за стадионите.

Грчката влада уште во 2022 година воведе апликација за идентификација за мобилни телефони.

- Оглас -

Најнови вести