Во групите од ЛШ можно е да играат Црвена Ѕвезда против Динамо Загреб

Црвена ѕвезда и Динамо Загреб вечерва го слават пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Некогашните гиганти од поранешна СФР Југославија, можно е повторно да имаат дуели и тоа во елитната лига на УЕФА. Според рангирањето, Динамо ќе биде во третиот барабан за ждрепката од групната фаза, додека српскиот првак ќе биде во четвртиот барабан. Тоа значи дека можно е да има дуел на хрватскиот и српскиот првак во групите од ЛШ.

Засега се познати поголем дел од учесниците во групната фаза од ЛШ и нивниот пласман пред ждрепката.

Во првиот барабан ќе бидат: Ливерпул, Челзи, Барселона, Манчестер сити, Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ и Зенит.

Втор барабан: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Борусија Д., Наполи, Шахтер, Тотенхем, Бенфика, Ајакс/АПОЕЛ.

Трет барабан: Лион, Баер Л., Салцбург, Бриж/ЛАСК, Интер, Олимпијакос, Динамо З.

Четврти барабан: Црвена ѕвезда, Аталанта, Лил, Локомотив М., Генк, Галатасарај, Лајпциг, Славија П./Клуж.

Утревечер се играат последните три меча од квалификациите во ЛШ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести