21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Во Грузија ќе суди арбитерот со кој Македонија има едно реми на гостински терен

Словачкиот фудбалски судија Иван Кружлиак ќе биде главен делител на правдата на дуелот Грузија – Македонија, во дуелот од Лигата на нациите во Тбилиси. Кружлиак веќе има искуство со судење на македонската фудбалска репрезентација, и тоа на гостински терен кај Исланд.

На тој меч од квалификациите за СП 2022, Македонија водеше со 2:0 против Исланд, но домаќините со два погодоци во последните 20-тина минути стигнаа до 2:2.

Кружлиак има 38 години и е искусен, па затоа го има и на меѓународната сцена. Само пред една недела тој беше делител на правдата на дуелот Челзи – Салцбург на „Стемфорд бриџ“, кој заврши 1:1.

Дуелот Грузија – Македонија ќе се игра в петок, на „Динмо арената“ во Тбилиси.

 

- Оглас -

Најнови вести