Во Гвинеја се води војна, мароканските фудбалери заглавени во хотел

Мароканските фудбалски репрезентативци, пристигнаа во Гвинеја и се подготвуваа за гостување во меч од квалификациите за СП 2022, но наместо тоа, се кријат во хотел со надеж дека ќе бидат извлечени и ќе ја напуштат земјата во која има обид за државен удар, и по улиците се води вистинска војна.

Мароканците засега се „сигурни“ во Конакри, и се работи на нивна евакуација.

Селекторот Вахид Халилхоџиќ, изјави дека слушаат пукотници од непосредна близина на хотелот. Пучистите предводени од елитна единица на војската, сакаат да го симнат од власт претседателот, и да ја распуштат владата. Од министерството за одбрана, велат дека нападот е одбиен. Но, фудбалерите од Мароко засега не можат да одат до аеродром каде ги чека авион.

- Оглас -

Најнови вести