Унион Берлин како гостин на „Олимпискиот стадион“ победи со 2-0 во градското дерби против Херта, и потврди дека сезонава тие се тим број 1 во главниот град на Германија. После ова дерби, Унион е втор на табелата (ист број бодови со Баерн кој има и меч помалку), а Херта е претпоследна.
Фановите на Херта ги обоија трибините во сино и бело пред мечот, порачаа дека што и да се случи на терен, тие се главни во Берлин, но Црвените беа тие што имаа причини за радост и славеа после мечот.
Од петте дуели во Бундеслигата кои се играа од 15.30 часот, берлинското дерби со два гола беше најнеефикасна од тие пет средби.
На полувремето, фановите на Унион направија и пиротехничко шоу:
https://twitter.com/i/status/1619359725463941121