1103 Тотенхем – Нотингем Форест (21 ч.)
Тотенхем игра сезона за заборав во првенството. Иако го има еден од најдобрите напади во лигата (60 дадени гола), Тотенхем ја има и една од најслабите одбрани, па затоа е на 16-тото место на табелата со само 37 освоени бодови.
Нотингем Форест е тимот кој е најпријатно изненадување и уште е во трка за место кое води во Лига на шампиони, но во последните два меча загуби. За Тотенхем главна цел до крајот е настапот во Лига на Европа, каде се дел од полуфиналето.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)
1651 АЗ Алкмар – ГА Иглс (18 ч.)
Помалку неочекувано, во финалето на Купот во Холандија се две екипи кои не се од самиот врв. АЗ Алкмар е во очајна форма и има само една победа во последните осум меча што ги одигра (четири порази и три реми), но сепак ја има улогата на фаворит.
Го Ахед Иглс има очајни резултати во дуелите со АЗ Алкмар. Во последните 12 меѓусебни дуели, АЗ Алкамр има десет победи и две нерешени. ГА Иглс последен пат го победил АЗ во далечната 1995 година.
Традицијата вели дека на седум од последните девет дуели на овие две екипи имало барем четири погодоци, па и сега се очекува финалето да биде со многу голови.
Предлог тип: 4+ (2.80)
1360 Жирона – Бетис (21 ч.)
Жирона минатата сезона играше во Лига на шампиони, а сега се во опасност да испаднат. На последните девет меча Жирона нема победа и вкупно освои само три бодови.
Бетис е тимот кој игра одлично и може да се бори дури и за пласман во Лига на шампиони и сигурно гостите ќе притиснат во обид да освојат бодови од ова гостување.
Предлог тип: 1-3 I &3+ (2.35)
2810 Копенхаген – Архус (18 ч.)
Меч од плејофот во Данска, каде Копенхаген е во трка за титулата, а најголем ривал им е лидерот Мидтјеланд. Токму затоа, домаќините без многу калкулации, денеска мора да победат.
На пет од последните шест меча на овие два тима, секогаш имало најмалку пет голови.
Предлог тип: ГГ3+ (2.55)
1123 Барнли – Шефилд јунајтед (18:30 ч.)
Дерби во Чемпионшип. Барнли е втор со 91 бодови, а Шефилд е трет со 86 бодови. Првопласираните две екипи директно обезбедуваат место во Премиер лигата, што значи дека ова може да е и еден од клучните мечеви.
Барнли е единствениот тим во Чемпионшип што сезонава нема пораз на домашен терен (12 победи и девет нерешени). Барнли има четири победи по ред во пресметките со Шефилд и тука ќе ја следиме традицијата.
Предлог тип: 1 (1.93)