Во Хрватска ќе има фудбал уште во мај

Хрватската фудбалска федерација одлучи дека фудбалските возбудувања ќе продолжат, и тоа пред крајот на овој месец. Клубовите во Хрватска веќе извесно време имаат тренинзи, а денеска се одлучени и датумите за тоа кога ќе продолжат натпреварувањата во Купот и во првенството.

Ако се добие „зелено светло“ од Цивилната заштита, фудбал во Хрватска ќе има на 30 мај кога треба да се играат двата меча од полуфиналето на Купот. Првенството треба да продолжи на на 6 јуни. Сите мечеви би се играле без присуство на публика. Финалето на Купот е закажано на 1 август.

 

- Оглас -

Најнови вести