Хрватската фудбалска репрезентација утревечер на „Полљуд“ во Сплит ќе игра во четвртфиналето од Лигата на нациите, а ривал ѝ е Франција. За овој дерби-дуел против Триколорите, Хрватскиот фудбалски сојуз направи револуционерна промена.
Хрватите во „историја“ ги испратија хартиените влезници и со нив нема да смее да се влезе на стадион. Сите навивачи кои ќе бидат на „Пољуд“ ќе мора да имаат „паметни“ мобилни телефони на кои ќе може да ја покажат електронската влезница. Билетите може да се најдат само преку инсталираната апликација на ХНС.
Досега на мечевите на кои Хрватска беше домаќин можеше да се влезе и со испринтани хартиени влезници, но од ХНС решија да ја прекинат таа традиција затоа што така може многу лесно да се препродадат билетите.
„Се промени системот за влез на стадион. Сите оние кои имаат купено влезници, може да ги најдат преку апликацијата на ХНС. Само со апликација на мобилен телефон ќе може да се влезе на стадион. Каква било хартиена влезница нема да биде валидна“, вели портпаролот на ХНС, Томислав Пачак.
Од ХНС ги потсетуваат навивачите да имаат телефони со полни батерии да не се случи некој да остане без функционален телефон. Планирано е да има и лајт-шоу направено со мобилните телефони на гледачите.