Во Хрватска се одигра „најлудото“ коло, во еден ден загубија трите фаворити за титула

Екипите на Риека, Хајдук и Динамо, кои се во трка за титулата во Хрватска, вчера претрпеа шокантни порази. Сите три екипи кои се на првите три места, иако беа фаворити, на крајот загубија, и тоа без да постигнат ниту еден гол.

Изненадувањата започнаа кога Динамо на гостувањето кај Горица загуби со 0:1. Квотата за победа на Горица беше дури 6.50. Потоа следуваше мечот меѓу Хајдук и Истра. Гигантот од Сплит на својот „Пољуд“ загуби со 0:1 од Истра, која е во долниот дел од табелата. Победата на Истра беше со квота од 5.60.

„Шоуто“ на изненадувања заврши со мечот меѓу Риека и Осиек. Риека е лидер на табелата и имаше шанса да им избега на Хајдук и Динамо, но загуби на свој терен со 0:2. Ова изненадување во обложувалниците се вреднуваше со квота од 6.50.

Ако некој успеал да ги одигра сите три изненадувања, вкупната квота која ќе ја добиеше е 236.6. Ретко кој веруваше дека ова може да се случи и тешко дека во блиска иднина повторно може да се случи сите три екипи кои се борат за титулата да загубат во еден ден, и тоа без да постигнат ниту еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести