Во малото село Вардарац кое се наоѓа во близина на Осиек во Хрватска, има стадион вреден 7 милиони евра и кој исполнува услови за одигрување на европски натпревари, има Б лиценца на УЕФА, и може да игра младинската репрезентација.
Фото: Bruno Jobst
Селото со само 500 жители од кои повеќето се етнички Унгарци, може да се гордее со стадионот, бидејќи и многу прволигаши во Хрватска и другите околни земји немаат ваков убав стадион. Комплексот бил изграден со заеднички сили на владите на Хрватска и Унгарија.
Локалниот клуб Вардарац во следната сезона ќе игра во Третата хрватска лига исток.
Досега играа на терен кој се поплавуваше при секој посилен дожд, а сега на модерен терен. На трибините има 500 седишта во зелена и бела боја, има и 81 паркинг места плус паркинг за ВИП.