Во Индија се сруши трибина на која имаше 3.000 гледачи (Видео)

Повеќе од 8.000 гледачи беа присутни за да го проследат мечот во индискиот Малапуртом, кога непосредно пред почетокот на дуелот се случи трагедија. Монтирана трибината на која имало околу 3.000 гледачи, не можеше да го издржи притисокот и се сруши, а луѓето панично почнаа да бегаат.

Освен што се сруши трибината, падна и рефлекторот и тоа врз луѓето кои во паника бегаа. Полицијата објави дека околу 200 луѓе се повредени, од кои 15 се во критична состојба. Меѓу повредените има и деца.

Организаторот објави дека ситуацијата излегла од контрола кога на трибините почнало да доаѓаат многу повеќе гледачи од тоа што било планирано. Речиси 8.000 луѓе имало на трибините, иако капацитетот бил многу помал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести