23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Во Интер Мајами се убедени: Лео Меси нема да се пресели во Саудиска Арабија

Договорот на Лионел Меси со Интер Мајами истекува на крајот од оваа календарска година, па тоа е и причината за се погласните шпекулации за преселбата на Аргентинецот во Саудиска Арабија.

Сепак, раководството на Интер Мајами е убедено дека тоа нема да се случи, а Меси ќе потпише нов договор со важност и за 2026 година. Овие информации ги пренесува новинарот Дејвид Орнстин, кој тврди дека не постојат ниту минимални шанси за трансфер на најдобриот фудбалер во историјата во екипата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија.

Како една од причините за останување на Меси во САД е и Светското првенство, кое следната година ќе се игра во Северна Америка, а Аргентина ќе го брани трофејот кој го освои во 2022 година во Катар.

- Оглас -

Најнови вести