Во Интер признаа за болната вистина пред реваншот со Барселона

Интер и Барселона рутински си ја завршија „домашната задача“ во првенствата на Италија и Шпанија. Двата тима победија и останаа во трка за титулата во Серија А, односно Примера дивисион, па сега фокусот е насочен на нивниот меѓусебен дуел.

Во вторник, Интер ќе ја пречека Барселона на „Џузепе Меаца“ во реваншот од полуфиналето во Лига на шампиони. Првиот меч во Барселона заврши 3:3, што значи дека сега мора да има победник, за да се дознае патникот во големото финале.

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги „одлежуваше“ суспензија и не беше на клупата во победата од 1:0 над Верона, па затоа помошник тренер Масимилијано Фарис даде свое мислење пред реванш мечот со Барселона.

„Пред една недела одигравме многу храбро против еден од најдобрите тимови во светот и тоа во моменти кога поминуваме еден тежок период. Успеавме да искористиме дел од слабостите што ги има Барселона, но свесни сме дека тоа е тим кој знае одлично да ја контролира топката и затоа мора многу да работиме на теренот. Дојдовме до оваа фаза во ЛШ за да ја предизвикаме Барселона на патот кон финалето во ЛШ“, рече Фарис.

Помошник тренерот на Интер призна дека има голема неизвесност дали Лаутаро Мартинез ќе биде подготвен да биде дел од реваншот против Барселона.

„Точно е дека лаутаро уште има проблем со мускулна повреда. Во моментов повеќе е дека нема да биде подготвен, отколку дека ќе игра. Овие неколку дена не тренираше, ние правиме се што можеме да го оспособиме за овој фундаментален меч за нас, но за жал поголеми се шансите да не игра, отколку да игра“, вели Фарис.

- Оглас -

Најнови вести