Германија на доминантен начин го започна Европското првенство на кое е домаќин и со убедливи 5:1 ја победи Шкотска. Со овој триумф Панцерите покажаа дека се подготвени за висок пласман, а јасно е дека домашните фанови се надеваат на освојување на трофејот.
Неколку рекорди сруши Германија со овој триумф над Шкотска. За некогашниот европски и светски првак ова е најубедлива победа на континенталните собири, а Шкотска го претрпе наубедливиот пораз.
Фактот дека на голот на Германија беше Мануел Нојер, а селектор е Јулијан Нагелсман беше знак за испишување на историја на ЕП. Нојер во март наполни 38 години, а селекторот Нагелсман за еден месец треба да наполни 37 години, па за прв пат на ЕП, еден играч на теренот беше постар од селекторот кој е предводник од клупата.