Голманот на Порто, Диого Кошта, е херојот на Португалија во дуелот против Словенија. Младиот 24-годишен чувар на мрежата беше несовладлив, не само во текот на 120-те минути туку и во пенал-рулетот кој требаше да го даде победникот.
Кошта успеа да ги одбрани сите три шута на фудбалерите на Словенија. За разлика од Словенците, сите тројца репрезентативци на Португалија погодија и на крајот резултатот е 3:0 на пенали.