Кошаркарите на Кливленд кавалирс се радуваа на победа од 129:122 во дуелот против Оклахома сити тандерс. Ова беше меч на двете најдобри екипи на Западот и на Истокот, а беше окарактеризиран како историски за НБА лигата, барем кога се работи за регуларениот дел од сезоната.
Кливленд останува најдобар тим во лигата со биланс од 32 победи и само четири порази, додека Оклахома го претрпе само шестиот пораз во 36 средби. Според квалитетот и формата, двата тима се во ситуација да го бркаат рекордот на Голден Стејт вориорс кој во регуларниот дел од сезоната имаа скор од 73 победи и само девет порази.
Во историјата на НБА лигата никогаш претходно се немаа сретнато два тима кои имаа серија од најмалку 10 победи по ред. Истотака, за прв пат од сезоната 1971/72 играа два тима кои во почетните 35 средби имаа 30 победи.
Како што се очекуваше, дуелот беше неизвесен, имаше преку 20 промени на водството и на крајот, победникот се решаваше во последните минути. Оклагома водеше со 107:106, кога Кливленд направи серија од 8:0 и потоа домаќините до крајот на мечот не го испуштија водството.
Во останатите мечеви кои се играа изутринава: Индијана – Чикаго 129:113, Филаделфија – Вашингтон 109:103, Бруклин – Детроит 98:113, Њујорк – Торонто 112:98, Њу Орлеанс – Портланд 100:119, Денвер – ЛА клиперс 126:103, Милвоки – Сан Антонио 121:105.