13.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Во Италија и Германија се чекаат првите победи на екипите кои ниеднаш не се израдуваа дома!

1701 Олимпик Лион – Бордо (21 ч.)

Лион уште е во трка за шампионската титула во Франција, па на секој меч на домашен терен приоритет треба да им е освојување на трите бода. Бордо игра квалитетно, тимот влезе во добра низа од три победи по ред и сигурно нема без борба да се предаде во Лион.

Традицијата вели дека пет од последните осум меча на овие две екипи завршиле нерешено. Со 44 дадени гола во 21 меч, Лион го има вториот најдобар напад во лигата, а и Бордо знае да одигра офанзивно.

Предлог тип: 1&2-4 (2.30)

 

3001 Торино – Фиорентина (20:45 ч.)

Неверојатно, но Торино е единствениот тим кој нема победа на домашен терен сезонава во Серија А. Во девет меча досега, има пет нерешени и четири порази. Фиорентина е вториот најслаб тим на гостински терен (има една победа, две ремија и дури шест порази), што е знак дека домаќините конечно треба да се израдуваат на трите бода.

Торино има само две победи во последните 15 средби во сите натпреварувања, а ниту традицијата не е на страната на домаќините. Во последните девет меѓусебни средби на овие два тима, Торино се радувал само еднаш, но сега дефинитивно е шанса да се искористи лошата форма на Виолетовите.

Предлог тип: 1 (2.75)

 

1801 Штутгарт – Мајнц (20:30 ч.)

За овој меч важи истото како за дуелот Торино – Фиорентина. Штутгарт игра дома, а тоа е тим кој нема триумф на свој терен сезонава (пет ремија и три порази). Мајнц е поретпоследен на табелата ако се гледаат бодовите освоени на гости, па реално Штутгарт треба да биде фаворит за триумф.

Штутгарт во есенскиот дел победи на гости со 4:1 и сега само треба да потврди дека е подобар тим.

Предлог тип: 1 (1.83)

 

1301 Валјадолид – Уеска (21 ч.)

Две екипи кои имаат реални шанси на крајот од сезоната и да испаднат од Примера дивисион. Валјадолид игра солидно на свој терен, а Уеска нема победа на гости и тоа е тимот кој со 13 бода од 20 меча е закован на дното на табелата.

Уеска на осум од последните 10 средби одигра со не повеќе од два погодоци, па сигурно гостите ќе се бранат и не би требало да има многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.54)

 

1952 Газијантеп – Галатасарај (17:30 ч.)

Дуел меѓу третиот и четвртиот на табелата. Газијантеп е единствениот тим во Лигата без пораз на свој терен, а Галатасарај нема нерешено на гости сезонава. Четирите меѓуебни средби велат дека гигантот од Истанбул нема пораз со овој ривал, па така ќе биде и по денешниот дуел.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести