Во италијанската Серија А имаше прекрасни голови во 2019 година, но се чини дека погодокот на Горан Пандев против Лече е без сериозна конкуренција во годината што изминува.
Уникатен, прецизен, прекрасен и неповторлив беа само дел од епитетите со кои се опишуваше врвното фудбалско мајсторство на ветеранот и еден од најдолговечните фудбалери во Серија А.
Пандев реагираше на неверојатен начин и мудро со надворешна од околу 40 метри со чудесен удар го совлада немоќниот бразилски голман Габриел.
Ремек-дело на голем мајстор на фудбалската игра што, според сите критериуми, е најгол во Италија за 2019 година.
Уживајте уште еднаш во врвното мајсторство на играчот на Џенова и капитен на македонската репрезентација.