Во Италија почна возбудливо – Роналдо утна пенал, Ребиќ доби директен црвен картон (Видео)
Стартните 20-на минути на реванш полуфиналето во купот на Италија беа многу интересни

Кристијано Роналдо промаши пенал за Јувентус во 17. минута од реванш мечот против Милан во полуфиналето на италијанскиот куп, а веднаш потоа во истата минута поради груб старт, Анте Ребиќ доби црвен картон.
По консултација со судиите во ВАР собата, судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка во 17. минута, а Португалецот ја погоди левата статива и не успеа да го постигне премиерниот гол во Италија, по фудбалската пауза од три и пол месеци.
⚽️ Juventus vs AC Milan: CRISTIANO RONALDO missed penalty and a RED CARD for Rebic! pic.twitter.com/VZaIMknezP
— D9INE FOOTBALL 2020 (@D9INE_NEXUS_F1) June 12, 2020
Веднаш во продолжението на акцијата Ребиќ без потреба грубо стартуваше во дуелот со Данило и директно беше исклучен. Првиот меч во Милано заврши нерешено, 1:1, па сега Јувентус е во голема предност, бидејќи ќе игра во продолжението на реваншот со играч повеќе.