Сезонава италијанската Серија А е необична, никој не очекуваше ваква доминација на Наполи. Наполитанците на девет кола до крајот имаат 16 бода предност пред вториот Лацио, но тоа не е единственото чудно нешто.
Зад Наполи и Лацио, трета е Рома, а најтрофејните клубови ги нема никаде на подиумот. Статистичарите копаа длабоко и се враќаа далеку во историјата за да најдат кога последен пат се случило на првите три места да ги нема гигантите Јувентус, Интер и Милан.
Доколку Јувентус не беше казнет со одземање 15 бода, Старата дама ќе беше на второто место, но вака е далеку од првите три места, па се испиша историја.
Последен пат кога немало ниту еден од Јуве, Интер или Милан на првите три места било во сезоната 1941/1942, кога на прво место била Рома, втор Торино, а трета Венеција.