Во Италија се редат откази како на филмска лента – Никола си замина од Салерно по дебаклот од 8:2

Давиде Никола не е повеќе тренер на Салернитана и доби отказ по вчерашниот дебакл против Аталанта од 8:2.

Ова е втор отказ во кус рок од 2-3 дена, откако претходно беше отпуштен и тренерот на Кремонезе, Масимилијано Алвини.

„Му благодариме на Давиде Никола за досегашната работа. Беше посветен и пожртвуван за клубот и му посакуваме многу среќа во иднина“, соопштија од Салернитана.

Клубот од Салерно беше декласиран во Бергамо со 8:2 од Аталанта, што беше само еден од неколкуте неуспеси по ред.

Салернитана има серија од шест меча без победа во Серија А и е само на две позиции над зоната за испаѓање.

Главни кандидати за нов тренер на прволигашот од Салерно се: Џузепе Јакини, Леонардо Семпличи, Роберто Даверса и Еузебио ди Франческо.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести