Во Италија веќе е докажан, на ред е Европа: вечерва Влаховиќ ќе дебитира во ЛШ!

Српскиот 22-годишен голгетер Душан Влаховиќ, за кого Јувентус зимава плати дури 85 милиони евра, вечерва ќе го има дебито во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Влаховиќ ќе биде ударната игра на Јуве во осминафиналните битки против Вилјареал, но традицијата не дава премногу оптимизам дека Србинот вечерва ќе даде гол. Ако се погледат неговите дебија во сите натпреварувања, тој само еднаш дал гол, и тоа во Купот на Италија во август 2019 година.

На првиот гол во Серија А чекаше 442 минути, за Партизан дебитираше во пораз од ОФК Београд, а првиот погодок во српската Суперлига го даде по 116 минути игра, и тоа на својот шести меч во кариерата. Ни премиерата во Купот на Србија не беше бериќетна за тогаш тинејџерот Влаховиќ.

На европска сцена играл 50 минути во квалификации за Лигата на Европа во пораз на Партизан на пенали од Заглебје.

Но, тоа е минато, дефанзивците на Вилјареал нема да имаат лесна задача против човекот кој на грбот ја носи „тешката“ седумка која пред него ја носеше Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести