Во Италија владее страв поради коронавирусот: Каталонците на тестирања во Неапол

Барселона денес треба да пристигне во Неапол во пресрет на првиот осминафинален дуел против Наполи во Лигата на шампионите, каде што тимот ќе биде пречекан со детална проверка. Италијанците преземаат секакви мерки на претпазливост поради што владее страв од коронавирусот, па ова е процедура која мора да ја поминат сите посетители на градот.

При самото слетување во Неапол, целиот состав на Барселона заедно со стручниот штаб ќе мора да помине неколку тестирања, а секој што ќе покаже најмал симптом на настинка ќе биде задржан на дополнителни тестови.

Вчера се одложија неколку натпревари од Серија А откако епидемијата почна да се шири низ целата земја, а веќе е потврдено дека има над 80 заболени од вирусот, додека две лица се мртви.

- Оглас -

Најнови вести